Јавна расправа за нов закон за обвинителство со стари ставови

Обвинителите Љубомир Јовески, Вилма Русковска, Ацо Колевски, Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска, Гаврил Бубевски и други, професорите Гордан Калајџиев, Тања Каракамишева, Беса Арифи, Гордана Силјановска, Александар Климовски и други професори, адвокати и активисти од утре ќе разговараат за новиот закон за јавно обвинителство.

Комисиската расправа што почнува утре и најверојатно ќе трае неколку дена, е насловена „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“.

Предлог- законот за обвинителство не е испратен во Собрание, но пратениците го добија. Во ВМРО ДПМНЕ се воздржани, ќе се изјаснат по јавната расправа.

Ниту еден политички субјект нема право да ја држи земјата во заложништво, како што тоа го прави ВМРО ДПМНЕ со овој закон, велат од СДСМ.

Уверуваат дека со ваков закон, сите предмети на СЈО ќе добијат професионална и објективна завршница.

Партиите се обидуваат да ги усогласат новите законски решенија цела година. Последниот неуспешен обид беше во петокот.

Спорни точки остануваат изборот и разрешувањето на Републичкиот јавен обвинител и преземањето на предметите од СЈО.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ