Тројца сведоци на процесот за убиството на Пино Секондо

Тројца сведоци одговараа на прашањата на обвинителката Лидија Раичевиќ на денешното судско рочиште за убиството на Пино Секондо.

Сведочеше другар на Пино, како и другарка на второобвинетата Ангела Ѓорѓиевска. Пред судот кажа дека Ангела и првообвинетиот Фуркан биле во врска една и пол година, но дека во истовреме се допишувала и со Пино.

Пино Секондо беше убиен на 11 декември 2018 година, а остатоците од неговото тело беа случајно пронајдени кон крајот на април, минатата година. Ѓорѓиевска е обвинета за соучесник на првообвинетиот, Фуркан Али, кој се уште е во бегство.

Следното рочиште за убиството на Пино, е закажано за 31 јануари.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ