Проширувањето високо на агендата на хрватското претседателство со Советот на ЕУ

Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан ќе биде високо на агендата на хрватското претседателство со Советот на ЕУ. Амбасадорката Нивес Тигањ, пред пратениците ги образложи приоритетите за шестмесечното претседателство, меѓу кои е и договорот за повеќегодишна финансиска рамка, одвојувањето на Обединетото кралство од ЕУ, како и Самитот во мај и Конференцијата за иднината на Европа. Хрватска ветува поддршка за европската перспектива на Македонија.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, пак, побара фокус на реформските закони и изборите.

Вицепремиерот за европски прашања, рече дека Македонија е подготвена веднаш да почне преговори.

На ова, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, побара власта да не ги подгрева надежите дека Македонија со сигурност ќе добие датум за почеток на преговори во мај, затоа што приоритет на ЕУ е донесување на буџетот, а не проширувањето. Го обвини евроамбасадорот Жбогар за непринципиелност.

Мотото на шестмесечното хрватското претседателство со Советот на ЕУ ќе биде „Силна Европа во светот на предизвици“.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ