Докторот Венко Филипче ќе биде новиот министер за здравство

Утре, најдоцна во вторник, владата на собранието ќе му го предложи новиот министер за здравство. На испразнетото место од Арбен Таравари ќе седне неврохирургот Венко Филипче, потврдуваат за Телма владини извори. Изборот е направен од четворица кандидати лекари. Хирург-уролог Сашо Дохчев, неврохируг Венко Филипче, Кристијан Костов актулен директор на 8- септмври и предлогот од партијата на Зијадин Села, Вулнет Ферати. Официјално за Телма потврди и актулениот директор на болницата „8 Септември“ дека бил известен како можен кандиадат за министер за здравство.

„Ми се јавија дека се разгледува можноста да бидам предложен како кандидат за министер за здравство. Ќе го прифатам местото доколку така одлучи владата, бидејќи долги години сум лекар во клиничкиот центар, а сега управувам со една од најголемите болници“, вели Кристијан Костов директор на Градска болница „8 Сетпември“

Изборот за нов министер за здравство владата ќе го направи со предлог од редовите на СДСМ, со што Алијанса за албанците го губи овој ресор. Оттаму го задржуваат ставот дека тие предложиле министер, и очекуваат владата да го прифати нивниот предлог, иако за новите имиња прв пат слушнале од медиумите. Поприфатливо за нив е реконструкција на владата со средби на лидерите на коалицијата отколку нудење  замени за министерски ресори. Премиерот Зоран Заев ја отфрли идејата за реконструкција на владата.

И, адвокатот Аксел Ахмедовски од Делчево и потпретседател на партијата ПЦЕР влегува во владата како министер без ресор. Претходникот Самка Ибраимовски кој се сели во собранието како пратеник потврди дека партијата едногласно одлучила тој да биде предлогот до владата, и очекува утре да биде потврдена одлуката и испратена до собранието. Останува јавноста утре да ги дознее и предлозите за новиот министер без ресор за привлекување странски инвестиции, и новиот заменик-министерот за образование  испразнети по локалните избори, а ресори  кои ги држи ДУИ на Али Ахмети.  Откако, владата ќе се изјасни за предлозите, оечкувањата се на 22 овој месец комисијата за прашања и избори и именувања да ги потврди предлозите, со што по три месеци македонија ќе доби нов министер за здравство.

Павле Беловски 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ