Стефанова: Политичари, бизнисмени, судии и обвинители ургираа за Камчев во Империја

Катица Јанева ме тераше да го затворам предметот Империја против Орце Камчев, сведочи денеска обвинителката Лиле Стефанова, во кривичниот суд на рочиштето за Рекет, кое денеска се одржа по неколку одложувања.  Поранешната обвинителка во СЈО, Стефанова вели дека Јанева на состанок наложила да се пуштат од притвор Камчев и Панделевски и уште тројца осомничени во Империја.

„Рече дека тоа е важно за процесите за донесување на законот за ЈО. На тоа се побуни само обвинителот Артан Ајро, а другите си молчеа“, сведочи Стефанова, по што вели дека не можела да сфати како тоа Камчев и Панделевски имаат врска со законот за ЈО.

Според Стфанова, Јанева со висок тон им се обраќала на обвинителите, барајќи спогодби за Камчев да излезе од притвор и предметот против него да се затвори. Рече дека во тие моменти сакала да си даде оставка, да излезе пред медиумите и да се обрати до Советот за јавни обвинители.

Политичари, бизнисмени, судии и обвинители ургирале во предметот Империја за време на предистрагата за бизнисменот Орце Камчев.

Стефанова сведочи и дека меѓу емисарите што се јавувале за ургенции за Орце Камчев била и судијката Добрила Кацарска, но не лично, туку преку друг обвинител. Кацарска била присутна и цел ден кога се одлучувало за притворот на Камчев, иако не била судија на претходна постапка.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ