Процесот на денационализација трае повеќе од две децении

1.230 постапки за денационализација во управниот суд и над 3600 предмети активни низ цела држава. Ова се податоците на Институтот за човекови права кои ги добиле заклучно со крајот на номеври минатата година. Во процесот на денационализацијата значајна улога  има државното правобранителство но во 90 посто од случаите се оспорува постапката објаснува Вања Михајлова од Институтот. Според неа надлежните си играат пинг понг со овие предмети од комисиите во судовите и назад.

Од Државното правобранителство кое има улога да ги застапуваува пред суд и да ги заштитува имотните права и интереси на државата, велат дека тие не ја кочат постапката за денационализација. Според Зоран Петковски државен правобрааител за Скопје најголем број од тужбите што ги поднесуваат се усвоени од Управниот суд. Доколку биле неосновани судот ќе ги одбиел и постпаките ќе завршеле.

Од управниот суд пак велат дека предметите за денационализација се решаваат во разумен рок и дека не се одлговлекуваа туку дека некогаш станува збор за поголеми и посериозни предмети а некогаш мора да се вратат назад поради недостатоци со насоки како да постапат комисиите.

Денационализацијата е само една од темите кои ги анализира Институтот за човекови права во Третиот мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство. Мониторирале 30 предмети во скопскиот граѓански суд каде како застпаник се јавува држанвото првобранителство. Се анализира и транспарентноста, ефективноста, заштитата на имотните права на државата но и постпаките за отуѓување на градежно земјиште.  Забележале  дека оваа институција се соочува со проблеми како што се  намалени човечки ресурси,  потреба од воведување на автомаатизиран систем за распределба на предметите како што има во судовите. Се предлага и повеке да се употребуваат  вонсудските спогодби таму каде што може, за да се намалат трошоците на буџетот.

Елена Ивановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ