(видео)КОД: Зошто еден тон РДФ отпад чини колку едно печено пиле?

Во Македонија најмногу отпад се увезува од Косово. Втора на листата увозници е Бугарија трета Србија, па Албанија и Италија – oва се податоци од Заводот за статистикиа дадени за КОД. Според Министерството за животна средина најмногу индустриски опасен отпад влегол во 2016  година речиси112  илјади.

Усје е ограничено дека од вкупното гориво кое го користи 35 проценти треба да е алтернативно, а од таму велат дека до сега искористиле само 5 проценти. Македонија се гуши во ѓубре, но нема каде да се преработи за да биде спремно за гориво. Ова е единственото логичко објаснување поради кое наместо домашниот се употребува отпад од Италија. Уште едно е што за Усје цената по тон е прифатлива дури и од увоз.

,,Алтернативното гориво  го плаќаме 35 евра по тон – конвенционално гориво што е практично 96-97% од цената на конвенционалното гориво кое што во моментов отиде многу доле, цената многу падна“, изјави Борис Хрисафов генерален директор на Цементарница Усје .

Сепак КОД дојде до документи кој покажуват дека за една пратка со 999 тони гориво од губре во декември лани Усје бара од царината да не биде царинето. Причина е што го има добиено бесплатно од италијанска фирма од градот Пескара. Инаку доколку ја добие по редовна цена тоа би чинело 3.000 евра или по тон колку едно печено пиле – три евра.  Усје е цемантарницата која се наоѓа на околу два километри воздуштно од населбате Кисела Вода и Ародром. Таа од 2018 како енергенс за работа освен конвенционални горива, користи и гориво од отпад. Од мај лани дури и доби дозвола од министерството за животна средина сама да го увезува отпадот. Дозволата е дадена на една година, а земјата од каде ќе увезува е Италија. Може да внесе вкупно 10 илјади тони а само во 2019 увезла 4 400 тони отпад. Па се транспортира спакуван во бали тешки по 650 килограми, големи 120 на 120 на 80 сантиметри. Параметрите за тоа што треба да содржи во нив треба да ја почитуваат Базелската конвенција која ја има потпишано и земјава, а која точно го пропишува составот во кој не смее да има опасни материи.

„Се зема примерок од секој камион по случаен избор, се зема примерок кој се праќа во акредитирана лабараторија “Инколаб” во Холандија, таму ги праќаме примероците од РДФ матерјалот. КОД истражуваше: Зошто тон отпадно гориво е поефтин од едно печено пиле иако доаѓа од Италија преку Бугарија и Косово? Колку со еден здив воздух, граѓаните се ставаат во опасност поради изгорениот РДФ енергенс или отпад за горење увезен од странство но пред се каква е контролата на границите?

Гледајте КОД вечерва во 19.30

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ