
Потребна е да се воведе ревизија за безбендост на патиштата според директивата на Европската комисија
Ова се само дел од тешките сообраќајни несреќи на патиштата во Полог изминативе неколку недели. Последиците се фатални, неколку жртви, тешко повредени кои се борат за живот. Црните статистики од година в година се зголемуваат, а патиштата остануваат исти небезбедни, по кои најчесто со увезени амортизирани возила се возат несовесни граѓани.
Последните неколку сообраќајки ја потврдуваат реалната состојба на патиштата. Ова е автопатот Тетово – Гостивар каде недомна загина полицаец обезбедувајќи ја оваа делница која како што се гледа не е осветлена нема доволно заштитна ограда. Останатите сообраќајници се тесни со нерамнини дупки без доволно сигнализација.
Тетовецот Елмир Мустафаи неодамна стана првиот ревизор во Македонија за безбедност на патиштата. Но вакви ревизии тука не се прават, односно се пуштаат патиштата во употреба без проверка дали ги исполнубаат безбедноните стандарди.
Мустафа се надева дека ќе се воведе ревизијата за безбендост на патиштата оти тоа произлегува од Директивата на Европската комисија, каде стои дека секоја земја кандидат за ЕУ е должна да врши ревизии на безбедноста на сите автопати и државни патишта што минуваат низ европските коридори.
Тој проблемот го гледа и во несовесните возачи но и немањето на соодветен кадар во автошколите. Од полицијата потврдуваат за зголеминиот број на сообраќајните несреќи на патиштата во полошко.
За изминативе дев недели на тетосктие патишта загинаа две лица, а седум се здобија со тешки повреди.
Зоран Димовски