
Сомнежи и нејаснотии пред референдумот во Дојран
Поделени мислења, многу сомнежи и нејаснотии. Вака го објаснуваат референдумот жителите на дојранската општина. Некои слушнале и ја одобруваат постапката, други не се доволно информирани, но не сакаат природните ресурси како водата да управуваат приватни компании.
Во селото Црничани забележавме соопштенија закачани по бандерите во кои општината ги се повикува граѓаните на јавна трибина. За мештаните кои имаат многу инфраструктурни проблеми, како неадекватно собирање на ѓубрето, неасфалтирани улици и без канализација, оваа опција и не е толку лоша.
Ова ќе биде втор референдум во Дојран. Првиот беше за прашањето за или против отворање на рудници.
Општина Дојран вели дека ќе го почитува исходот од референдумот.
Сузана Мицева