
Измамници изнудуваат пари за измислени сообраќајни незгоди
Ретко звони фиксниот телефон во домот на семејството Моневи во Свети Николе, но на 18 јануари околу 10 часот 49 годишната Цена добива повик од полициски командир и нејзината ќерка, која не можела да ја препознае, бидејќи забите и биле скршени во тешка сообраќајна несреќа, а на лице место настрадало дете. Во првиот момент и се јавува женски глас, за да по неколку секунди комуникацијата ја преземе машко лице.
Разговорот со лажниот полициски командир и ќерка траела околу 15 минути. Цена имала среќа што во тој момент нејзиниот син бил дома, откако го викнала разговорот со измамниците прекинал. Не успеале да и побараат пари, за да не одговара нејзината ќерка за сообраќајката, но по само четири дена 78 годишна сограѓанка од Свети Николе настрадала, па на измамниците им дала 2.000 евра за да не одговара нејзината внука.
Семејството Моневи веднаш го пријавиле случајот со обидот за измама во Полициската станица во Свети Николе.
Во периодот од 18 до 21 јануари СВР-Штип регистрираше пет обиди и една измама, сторена од засега непознати дрски и нехумани измамници во градот Свети Николе. Семејствата сметаат дека изманиците се добро информирани и знаат оти еден член од семејството не живее или отпатувал надвор од градот. По Свети Николе измамниците се преселиле во Скопје, каде што веќе е регистрирана една измама, а измамниците ќариле над 130.000 денари. Од МВР велат дека во тек е истрагата за овие случаи. Цена пред камерата на Телма ја раскажа својата приказна, со цел какошто вели да не настрадаат и други семејства. По повикот од лажниот полициски инспектор и ќерка живее под стрес, а животот и се скратил за десет години.
Викторија Јованова