Препораки против загадувањето- рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено

Скопје осамна како најзагаден град во светот. Најголемо беше загадувањето во центарот кај Ректорат  а загадување имаше и во Струмица и Куманово. Во текот на ноќта од Град Скопје испратија препораки за заштита од загадувањето на воздухот.

Надминат е прагот на ПМ10 честички во воздухот во два дена на минимум две мерни станици во Скопје. Препорачуваат  да се избегнува користењето на возила, колку што е можно, или повеќе лица да се организираат да се возат во едно возило;  да се користи јавниот превоз; но не е наведено дека е бесплатен како што беше најавувано претходно.

„Една од препораките е и рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено, а за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал;  печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот; редовно да се чистат оџаците;  да се одложат сите активности на отворено;  да се почитува забраната за дотур на роба во централното градско подрачје во периодот согласно со издадените одобренија од Градот Скопје.“, се вели во соопштението.

ДОМ реагираше дека мерките треба да се зголемат и да се однесуваат и на намалување за 50% на согорувачките процеси во индустриските капацитети , стопирање  на сите градежни активности во градските средини но и други мерки.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ