
Опаѓа интересот на младите Македонци за изборните процеси
Опаѓа интересот на Македонците, посебно на младите до 33 години за изборните процеси. Но, се помлаку граѓани излегуваат на гласање и во земјите членки на Европската Унија, покажуваат резултатите од истражувањето во рамките на европски проект, во кој се вклучени 5 држави. Во Германија и Италија излезноста на изборите е падната на 50 до 60 проценти, а дрматичен пад има во нашата земја и Албанија каде гласа 40 до 50 отсто од избирачкото тело. Причините кои ги навеле испитаниците во сите земји се исти.
– Корумпирани влади, неизаинтересираност за граѓаните од страна на владите, како и нерагуларности при гласањето се причините. Тие се некои од најбитните работи што ги издвоивме зошто граѓаните не излегуваат да гласаат , рече Милчо Дули, НВО Сфера –Битола
И покрај намалениот интерес, сепак Малата се уште има висока излезеност од 70 проценти. Европските држави пак, наспроти незаинтересираноста на граѓаните за домашните избори, белажат зголемена излезеност за Евроизборите.
-Малата е во многу добра позиција во моментот бидејќи е трета држава во Европа по излезеност на гласачи. Жителите во Малата се заинтересирани да излезат на изборите и да го дадат својот глас, затоа што со тоа можат да влијаат на донесување на одлуки, вели Алек Дагалс Бумбура, од Малта, учесник во проектот.
-Брегзит имаше големо влијание на глобално ниво во врска со гласањето. Се надеваме дека во идните години тоа што се случува во Велика Британија ќе има влијание и ќе се подигне свеста кај младите за изборите, рече Дули.
За добиените резултати издадена е публикација со препоарки кои ќе бидат испаратени до ЕУ и Владите на државите учеснички во проектот. Во нив се наведува дека медиумите и граѓанскиот сектор можат да одиграат значајна улога за едукација на младите дека со својот глас на избори можат да влијаат при донесување на важни одлуки.
Емилија Мисирлиевска