Аналитичарите насетуваат широка коалиција за името?!

Зачестените средби на лидерите на владејачките партии со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, може да резултираат и со широка владејачка коалиција која заеднички би го понела целиот товар околу решавањето на проблемот со името, смета политичарот Јове Кекеновски. Вели дека, слушајќи го умерениот оптимизам од двете страни, се добива впечаток дека се топи анимозитетот меѓу партиските лидери и дека најверојатно, ќе успеат да се договорат за поддршка на реформските закони, важни за препораката за ЕУ.

Кекеновски вели дека, ВМРО-ДПМНЕ сега се наоѓа меѓу чеканот и наковалната. Од една страна е притисокот на меѓународната заедница да се реши проблемот со името, а од друга проблемите со дел од пратениците кои не се согласуваат со политиката на Мицкоски и притисокот од членството.

Лидерите, потенцира Кекеновски, треба да остават на судството, без притисок  да ги расчистат настаните од 27 април, а пред се, да се најдат и казнат нарачателите на сценариото. Мицкоски, синоќа по средбата изјави дека има чувство дека проблемите со политичкиот прогон ќе бидат надминати. Заев, пак, рече дека разбира зошто пратеничката група бојкотира, но нема да се меша во судските одлуки.

Синоќешната средба, барем според официјалните изјави, не донесе приближување на ставовите за името, ниту, пак, за Законот за употреба на јазиците.

Далиборка Дамјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ