
Без Јовески ВМРО-ДПМНЕ не седнува на преговори за законот за ЈО
ВМРО-ДПМНЕ постави нов услов за продолжување на преговорите за нов закон за Јавно обвинителство, власта експресно одби. Опозициската партија бара задолжително присуство на државниот обвинител Јовески на средбите на работните групи. Како аргумент ја посочуваат изјавата на Јовески дадена минатата година во декември во која тој вели дека „она што е неопходно е носењето на нов квалитетен и издржан закон“, а не решение кое ќе биде резултат на дневно политичко договарање.
Министерката за правда Рената Тренеска Дескоска смета дека се работи за несериозно барање, а Јовески ќе биде поканет на јавната расправа за законот, која ќе се одржи наредната недела.
Јовески ќе ја прифати поканата за јавна расправа но не и активно учество во преговорите на работните групи.
И покрај ставот на ВМРО-ДПМНЕ, власта во наредниот период ќе се обиде да обезбеди 80 пратеници за носење на законот.
Јулијана Пешевска