
Неизвесно е донесувањето на законот за одбрана, ВМРО-ДПМНЕ не се согласува да се измени името на армијата
Неизвесно е донесувањето и на законот за одбрана. Неколку месеци е во собраниска процедура, но не е ставен на гласање бидејќи нема обезбедено двотретинска поддршка.
Законот е значаен бидејќи со него се уредуваат обврските што Македонија треба да ги преземе со влегувањето во НАТО. ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со законот да се измени и името на армијата, а СДСМ ги повикува да не го загрозуваат членството во НАТО.