
На Мијалков ќе му се суди и за „Тортура“
И на екс директорот на УБК Сашо Мијалков ќе му се суди за „Тортура“, предметот на СЈО за апсењето на Љубе Бошкоски. Од скопска апелација за Телма потврдија дека ја уважила жалбата на СЈО и ја преиначиле одлуката на Кривичниот суд кој одлучи во „Тортура“ да не одоговара и Мијалков. Во декември минатата година судијката Моника Бахчовановска го одобри обвинението само против шестмината припадници на единицата „Алфи“, но го одби во делот за Мијалков кој беше првообвинет. Сите седумина СЈО ги гони за кривично дело мачење и друго сурово постапување.
Судењето за „Тортура“ требаше да започне минатата недела но беше одложено затоа што предметот се уште беше во апелација на одлучување. Следното рочиште закажано за крајот на 23 март и според последната одлука на Апелација во обвителна клупа ќе треба да седне и Мијалков.
Апелација се очекува деновиве да донесе одлука и за петмина управни судии кои беа обвинети во предметот „Титаник два“. Во овој предмет за изборните нерегуларности обвинети се и поранешни членови на ДИК, лидерот на ДПА Тачи и Мијалков, но кривчниот суд и за нив го одобри обвинението а го одби за судиите, по што Катица Јанева се жалеше пред повисокиот суд.