Социетас Цивилис: ДСКК и со ограничен број луѓе и недоволна техничка опременост работела успешно

Иако со ограничен број на луѓе и ограничена техничка опременост, антикорупциската комисија  работела успешно минатата година, покажува истражувањето на на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“.

Во периодот од март до септември 2019 година тие одржале 22 седници на кои се донесени 273 одлуки.

Поголемиот дел од нив – 208 се за запирање а 65 се за продолжување на постапката.

Најчесто областа каде се отварани предмети и носени одлуките е образованието, правосудството и јавните услуги а се однесувале на вработување, постапки при вработување и судир на интереси.

Истражувањето покажа дека најголем дел од предметите кои ги отвори Антикорупциска се на сосптсвена инцијатива или по допрен глас.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ