
Стразбур: Македонија ги повредила правата на осумгодишно дете со попреченост
Со шест гласа „за“ судот во Стразбур денска донесе пресуда дека на осумгодишно дете со попреченост Македонија треба да му плати 18.000 евра оштета.
Година и девет месеци вработените во Заводот за рехабилитација во Бања Банско во 2012 година го врзувале детето за радијатор ,а според нивните правдања за тоа го правеле негова безбедност.
Судиите констатирале дека државата е одговорна за сместување на детето во установа која ги нема потребните ресурси да ги задоволи неговите потреби.
Лекарите на ова глувонемо дете му констатирале церебрална парализа и ментални пречки во развојот затоа вило сместено во заводот во Бања Банско, установа која е за лекување и третман на лица со физичка попреченост.
За Судот е загрижувачки е што едно толку ранливо лице, можело да биде често врзувано за неговиот кревет за време на престој во центарот.
Станува збор за случај кој бил откирен по посетата на Народниот правобранител во Банско во 2014 година. А по посетата и на Хелсиншкиот комитет на детето во установата поведоа судска постапка.
Теодора Цветковска