
За една недела 110 нови заболени од грип, од нив четири се деца
Расте бројот на заболени од грип. За една недела има 110 нови пацинети. Се зголемува бројот и на хоспитализирани.
Во моментот, на детската клиника под надзор се четири деца со симптоми на грип, а на инфективна се лекуваат 14 граѓани.
Кај четворица од нив вирусот е и лабораторски потврден.