Мицкоски бара опозицијата да го предлага јавниот обвинител, за Заев предлозите на ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат од Будимпешта

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека нема да преговара ниту пак ќе го прифати предложеното законско решение за јавно обвинителство кое според него има само една цел, амнестија на криминал преку целосна контрола на обвинителството.

Неприфатливо е обвинителите од поранешното СЈО да станат дел од тимот на обвинителската Вилма Рускоска поради дирекна колизија со законот за кривична постапка кој не го познава незаконското следење на комуникациите како и кривичните дела кои произлегуваат од него.

Забелешки има и за изборот и разрешувањето на државниот обвинител кој ќе зависи од Советот на обвинители.

Мицкоски смета дека тој треба да биде избран на предлог на опозицијата.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев смета дека предлозите на ВМРО-ДПМНЕ  се несериозни и диктирани од еден центар.

И кај двете партии нема оптимизам дека би можело до 12 февруари да се донесе нов закон за јавно обвинителство.

Работните групи треба да се сретнат до крајот на неделава но епилогот е неизвесен со оглед на црвените линии од кои не се отстапува.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ