Зендели освои најмногу гласови во изборот за член на судски совет

Судскиот совет соопшти дека, според прелиминарните резултати од гласањето за избор на член на судски совет од редот на судии припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението во Република Северна Македонија, кое се одржа денеска, најмногу гласови освоил кандидатот Ханиф Зендели – 239 пред Артан Лимани со 190 гласови.

Од 494-те судии запишани во судскиот изборен именик, правото на глас го искористиле 466 судии, имало 37 неважечки ливчиња а не биле употребени 28 гласачки ливчиња.

Претходно, претседателот на судски совет, Киро Здравев, информираше дека судијата Лимани во понеделникот се повлекол од трката за член на судски совет. Сепак, бидејќи ливчињата за гласање веќе биле испечатени и гласачкиот материјал се делел по избирачките одбори, неговото име останало на ливчето па судиите кои гласале можеле да го заокружуваат и неговото име.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ