На скопскиот аеродром нема да им се мери температура на патниците кои се враќаат од Кина

Комисијата за заразни болести заклучи дека нема потреба за ригорозни мерки околу смртоносниот коронавирус од кој во Кина досега починаа 9 лица, а околу 500-тини се заразени.

Епидемиолозите одлучиле дека засега не треба да биде во функција и термалната камера на аеродромот, а за оние кои патуваат во Кина или се враќаат од земји каде го има вирусот ќе им делат информативни материјали -да не одат во областите каде е потврден вирусот, а оние кои се враќаат во земјата ако имаат респираторни симптоми каде да побараат помош.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ