Таравари тврди МОН се обидува по трет пат да му ги одземе ингеренциите

Се прават обиди и има тенденции на Општина Гостивар по трет пат да и се одземат надлежностите во областа на образованието, истакна првиот човек на Општина Гостивар Арбен Таравари. Тој посочи дека инспектори и луѓе од Mинистерството за образование вршат засилени контроли по гостиварските училишта.

Како што рече Таравари репресиите врз општина Гостивар се прават по претходен меѓусебен договор на владините партнери.

Од Министерството за образование испратија писмено соопштение во врска со обвинувањата на Таравари.

МОН категорично ги демантира обвинувањата на гостиварскиот градоначалник и информира дека основна работа на просветните инспектори да спроведуваат редовни и вонредни инспекциски и контролни надзори во училиштата и воопшто во сите образовни установи. Така што, доколку инспектори од Државниот просветен инспекторат си ја вршеле својата работа, тоа никако не значи дека целиот инспекторат е сконцентриран во таа општина и има некаква тенденциозна намера.

На Општина Гостивар во два наврати и се одземаат ингеренциите во областа на образованието со образложение дека незаконски градоначалникот именувал и резрешувал директори на училишта.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ