
Детските права меѓу последните на агендата на пратениците
Правото на децата на соодветно образование и здравствена заштита, правото на здрава животна средина и чист воздух, се темите на кои се дискутирало во Собранието, но не доволно.
Во период од 6 месеци од од јули до декември месец минатата година од 26 одржани седници , пратениците за детските права директно зборувале само на седум. Овие статистики од извештајот на детската амбасада Меѓаши која ја следело работата на собранитето и собраниските комисии во периодот од покажуваат дека тоа не е ни третина од вкупниот број на одржаните седници .
Шестмесечното истражување покажало дека Комисиите за труд и социјална политика, комисијата за образование најмногу ги третирале детските права. Во текот на работата на Собранието често се споменувало загадувањето на воздухот кое е ризично за квалитетот на живот на децата.
Од Меѓаши очекуваат во иднина освен на основните, акцент да се стави другите права, како право на детско учество или слобода на говор а и посочија дека е потребна е и поголема самоиницијативност на пратениците, бидејќи од тоа што тие ќе го донесат како закон зависи како ќе се реализира остварувањето на овие права.
Теодора Цветковска