Легализацијата на дивоградбите заглави во Собрание, мали се шансите да се изгласа пред избори

Законот за легализација на дивоградбите заглави во Собрание и мали се шансите да биде донесен пред избори, што значи дека најверојатно  ќе ја чека новата влада. Од СДСМ обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ намерно го блокира законот  со поднесувањето на околу 1.000 амандмани, со што околу 100.000 граѓани не ќе можат да си ги легализираат нелегалните објекти. Иако најавија партиска реакција, сепак од Бихаќка не стигна соопштение на темата.

Претседателката пак на собраниската комисија за транспорт од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуроска, каде вчера заглави законот, вели тие немаат ништо против легализацијата, туку против начинот на кој се носи – по скратена постапка и без јавна расправа. Спорен е и датумот до кој се продолжува легализацијата на дивоградбите – 1 октомври 2019 година.

  • Кои пораки ги испраќаме: градете без одобрение за градба, удоволете му на моќниците на локалните самоуправи, ние сме тука ккао министерсво ќе ви ги задоволиле вашите апетити во секое време и ќе ви ги продолжуваме роковите за легализација онолку колку што вас ви е потребно. Не може така со законите и не може на таков начин да си играме со граѓаните. Ова е нефер, предизборна кампања и строго наменски за одредени нивни локални моќници“ – рече Затуроска.

Со новиот предлог се  овозможува легализација на дивоградбите изградени  до 1 октомври 2019 година, со тоа што сопствениците покрај целосни комуналии ќе треба да платат дополнителни 50 проценти како казна. Нема да можат да се легализираат згради, надградбите на зградите и терасите, но и дивоградбите во заштитеното подрачје на Охридскиот регион. Иако првично немаше податоци колку дивоградби има во земјава, и колку се изградени после 2011 година, до кога беше последниот рок за легализација, сега се оди со бројката од околу 100.000 објекти.

Алескандра Филиповска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ