
Законот за обвинителство – поддршка на евроинтеграциите
Евентуалното недонесување на Законот за обвинителство од овој парламентарен состав ќе биде голем минус за државата, велат аналитичарите. Сите се согласуваат дека тоа не е нов услов за определување датум за преговори, но ќе биде силен аргумент во пролетниот европски извештај.
И Муслиу и Трошановски бараат разговорите меѓу партиите да се водат во Собрание, а не во неформални работни групи. Така секој би можел да ги слушне приоритетите на партиите и разликите меѓу нив.
Минатата недела, по средбите со владата и со партиите, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи порача дека донесувањето на Законот би било добар знак дека Македонија ги спроведува неопходните реформи. Работните групи цела година безуспешно настојуваат да го усогласат текстот на законот.
Соња Николовска