Опожарен трансформатор остави жители на битолската населба Баир четири дена без струја

Четири дена без струја се дел од жителите на улиците „Караорман“ и „Дебарска’ во битолската населба Баир. Причина е целосно опожарен трансформатор поради преоптвареност со нелегални приклучоци, велат од ЕВН.

Ваквата сосотојба предизвика проблем кај граѓаните кои се затоплуваат на електрична енергија и  редовно си ги плаќаат сметките, а сепак сега немаат струја.

-Мачно е многу, без струја не се живее. На сонце се грееме сега. Да се напарви што побрзо, немаме дрва, умираме од студ, велат жителите.

-Оваа трафостаница е наменета за онолку колку што се пријавени. Со непријавените се доаѓа до оптоварување и се  запали, вели жител од населбата Баир.

Дел од корисниците Електродистрибуција сукцесивно ги префрла на  друго напојување а  нов трансформатор на истото место  не може да се  постави,  поради дивоградби и тесни улици, со што целосно е  блокиран пристапот до изгорената трафостаница.

Од ЕВН велат, сега се бара  нова локација каде екипите со механизација ќе можат да интервенираат .

Трафостаницата на битолскиот Баир  изгоре во саботата околу пладне, а пожарот бил изгаснат од битолската противпожарна единица, па е избегната поголема материјална штета и ширење на огнот, а увид  на местото на настанот направи  и полицијата.

Емилија Мисирлиевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ