Советот на општина Центар ќе одлучува по барањата на пазарџиите

Барањата на пазарџиите на зелен пазар ќе ги разгледа советот на општина Центар на наредната седница.

Ова е резултат од средбата на градоначалникот Богдановиќ и директорот на ЈП Паркинзи на општина Центар, Васко Кичевски, со пазарџиите од „Зелен Пазар“.

На состанокот, како што соопштија од општина Центар,  присуствуваа претставници од трговците кои на градоначалникот и директорот им ги соопштија проблемите со кои се соочуваат со нелегалните продавачи на стока и роба на паркингот со кој стопанисува ЈП паркинзи на општина Центар, како и со новите измени во поскапување на цените на паркирање на територијата на општина центар.

-Приоритет ни се граѓаните кои живеат тука. подготвени сме да најдеме решение и не сакаме никого да оштетиме, рекол градоначалникот на средбата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ