Уставен повторно ќе го разгледува Законот за амнестија на учесниците во настаните од 27-ми април

В среда, Уставниот суд повторно ќе го разгледува Законот за амнестија на учесниците во настаните од 27-ми април.

Пред нешто повеќе од еден месец, одлучувајќи по иницијативата на поранешниот директор на полицијата Митко Чавков, судиите констатираа дека законот е во согласност со Уставот, и дека Собранието има право да определи кој може да добие простување за стореното дело, а кој треба да одговара.

Овој пат, се работи за друга иницијатива, поднесена од Тодор Петров: се оспорува законот во целина, и постапката што ја води судот. За упадот во Собранието, осудени се 15 луѓе, а исто толку се амнестирани.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ