Пукал во полицајци кои го бркале откако запалил полициски автомобил во Куманово

Непознат напаѓач пукал во полициска патрола во Куманово, а претходно истиот сторител запалил полициски автомобил.

Инцидентот се случил рано утрово околу 2 часот и 10 минути. Полицајците забележале дека едно лице го пали автомобилот спарк на сообраќајната полиција. Автомобилот бил запален пред Домот на АРМ каде бил паркиран, но полицајците тргнале во потера по напаѓачот.

По околу триста метри брканица успеале да го стигнат, но бегалецот наместо да ја почитува наредбата на полицајците извадил пиштол и испукал неколку куршуми кон полицајците. Нема повредени, а напаѓачот избегал.

Полицијата засега нема информации за идентитетот на напаѓачот и го истражува случајот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ