
Апликација за земјоделците
Земјоделците ќе можат лесно да проверат какво ѓубриво и која количина да се употреби за одредена култура доколку имаат направено агрохемиска анализа на почвата, но и да дознаат кој е најдобриот пестицид за справување со болести и штетници. Ова ќе го овозможува смарт апликацијата изработена во рамките на проектот од Еразмус програмата чиј главен координатор е Универзитетот Гоце Делчев.
Координатор на проектот е професор доктор Зоран Здравев од факултетот по информатика, кој работел на смарт апликацијата. Како партнери се вклучени повеќе земјоделски организации и здруженија кои споделувале искуства но и стекнувале вештини потребни за развој на нивната дејност.
Проектот се работел повеќе од две години, а неговите резултати допрва ќе најдат примена во земјоделската пракса.
Сузана Мицева