
Се разболеа адвокатите на Катица Јанева
Адвокатите на Катица Јанева бараат да се одложи денешното рочиште за предметот Рекет. Адвокатот Дељо Кадиев бил на болничко лекување до петок, а адвокатката Ирена Фрчковска исто така има влошена здравствена состојба. Бараат одложување на неколку дена. Судијката им порача на Кадиев и Фрчковска најдоцна до утре да достават документација, и истакна дека не е пречка ако Кадиев е во болница, доколку Фрчковска може да доаѓа следните денови. Денеска требаше да сведочи обвинителката Лиле Стефанова, но рочиштето се одложи за четврток.