
Судскиот совет од Министерството за правда бара членовите да бидат унапредени во повисоките судови
Членовите на Судскиот совет кои пред да бидат избрани во ова тело биле судии во понизок суд откако ке им истече мандатот во Советот – да не се вракаат во судот од каде што дошле, туку да бидат унапредени да судат во повисок суд.
Ова барање и желба на судксиот совет е доставено до Mинистерството за правда заедно со останатите забелешки и мислења кои ги имале членовите околку предлог законот за судски совет, дознава Tелма од добро упатени извори. Од Правда барале во членот 35 предлог законот да се додаде нов став со кој на се предлага на пример ако предходно некој член бил судија во Основен суд, од Судскиот совет, доколку ги исполнува законските критериуми да продолжи да суди во Апелационен суд.
„Член на судскиот совет од редот на судиите, со престанок на мандатот на член на судскиот совет, продолжува да ја обавува судиската функција во непосредно повисокиот суд во однос на судот во кој ја обавувал судиската функција, под услов да ги исполнува критериумите за избор на судија во тој суд“.
Од Судскиот совет од каде ја предлагаат оваа измена ја правдале со тоа што член на Советот додека трае неговиот мандат, не ќе може да биде избран за судија на повисок суд, па затоа по истекот на мандатот да има можност за вршење на судиска функција во повисок суд.
Судскиот совет има 15 членови од кои 8 се избираат од редот на судиите. Мандатот на членови трае шест години со право на уште еден избор. Последните измени на законот за Судски совет се за да се доуреди постапката за дисциплинска одговорност на судијата и оценувањето на судиите, а Владата ги претстави како подолжување на реформите во правосудството како дел од агендата за влез во ЕУ. Ваквиот зкаон кој што е дел од планот 369 се уште не е усвоен.
На прашањата поврзани со нивните забелешки и сугестии за овој предлог закон од Судскиот совет кусо ни одговорија дека се доставени предлози и мислења и дека немаат информации дали се прифатени од Министерство за правда.
Елена Ивановска Мукоска