
Во Штип инцидент фрли сенка врз одбежелувањето на празникот Водици
Пред шест години жена го фати светиот крст во штипско Ново Село, а годинава на втората локација на Камениот мост кај градинката астибо две момчиња се натегаа и се бореа во водите на реката Брегалница кому да му припадне крстот. По натегањето и туркањето, едно од момчињата го задржа крстот, но по укажувањето на владиката Иларион крстот беше предаден на Наумче Балевски.
Митрополитот на Брегалничката епархија на лице место одлучи оваа година крстот да остане во црквата, наместо да се носи по верниците.
Во Штип на две локации се фрлаше крстот, пред шест години градов остана запаметен по Борислава Васкова, која го фати крстот, за да веднаш група на момчиња и го земат , а во враќањето на светиот крст тогаш се вклучи и полицијата. Инцидентот беше и инспирација и за фимот на сестрите Митевски да го снимаат филмот Господ постои, името и е Петрунија.
Викторија Јованова