
Синдикатот на УПОЗ го осуди потегот на дополнителниот заменик-министер Трупуновски
Синдикатот на УПОЗ го осуди потегот на дополнителниот заменик-министер Трупуновски, кој завчера со камера упадна во подрачната единица на земјоделие во Берово, во контола на вработените. Од синдикатот велат дека за непримерното однесување, во кое препознаваат мобинг ќе ги известат и европската и светската синдикална организација. Со објавувањето на снимката на интернет, според УПОЗ, Трупуновски го нарушил личниот интергритет на вработените. На политичарите им порачаа да се воздржат од вакви потези, кои како што велат, се во служба на евтин политички маркетинг.