
Тетово без градски превоз, со сообраќајна инфраструктура стара 10 години
По коловозите низ Тетово најчето има слободна само една лента по која многу бавно се движат возилата создавајќи го сообраќајниот хаос. За да помине возилото 2 до 3 километри, потребни се повеќе од половина час раскажуваат таксистите.
Поради сообраќајниот метеж, некои веќе се откажале од возилото и се почесто користат велосипеди. Велат дека сообраќајната некултура е една од главните фактори за создавањето на гужви во градот, за која надлежните не преземаат доволно конкретни чекори.
Дел од граѓаните пак сметаа дека воведувањето на јавниот превоз ќе ја намали употребата на возила, а со тоа и сообраќајниот хаос.
Општината веќе четврта година ветува дека ќе воведе јавен превоз, односно конечно ќе профункционира јавното претпријатие Тетово Транспорт.
Одредени неофицијални проценки говорат дека во Тетово има над 60 000 регистрирнаи возила, а сообраќајната инфраструктура е иста како и пред 10 години.
Зоран Димовски