
Уапсен познат разбојник – бегалец од затвор, учествувал во грабеж на банки, пошти и златари
Скопјанецот Идриз Рустеми-Кока е уапсен во Тетово, дозава Телма. Се барал за да ја доизлежи уште 4 години од 15 годишната затворска казна за разбојништво и тешка кражба. Тој на јавноста и стана познат после големата кражба злато од златара Идриз во центарот на тетово, после која имаше престрелка, а еден поциаец беше ранет. Беше осомничен и дека учествувал во грабеж во Прокредит банка и во нападот врз транспортот на пари на „Македонски пошти“, во Чаир во 2008-та. Од МВР потврдуваат дека е уапсено лице со иницјали И.Р, пред два дена во угостителски објект во Тетово. Во соопштението, уште се вели и дека е пронајден со помош на други служби, а сега е вратен во Идризово. Според информациите на Телма, Рустеми избегал од затвор пред две години, а се криел на Косово, со лажни документи. Полицијата уште кога се случуваа грабежите се сомневаше дека тој е дел од рабојничка група, која беше истражувана и од обвинителстовото за гонење на организиран криминал.