Српскиот министер Љајиќ е против контрамерки за Македонија

Српскиот министер за трговија Расим Љајиќ во врска со проблемот околу извозот на српското брашно во Македонија, за РТС изјави дека се противи на воведувањето контрамерки кон Македонија, со образложение дека тоа би било лошо и за српските и за македонските бизнисмени. Тој вели дека се обидува да го реши овој проблем со договор и компромис. Според него, доколку мерката од наша страна се задржи, ќе го направи за српските мелничари нивниот извоз неиплатлив, и би изгубиле месечно околу 200.000 евра.

„Извозот не е забранет, туку со тие вонцарински мерки и бариери тој е отежнат, а нашите извозници со тоа стануваат неконкурентни во споредба со другите. Ние сакаме рамноправен однос, како што предвидуваат правилата на Светската трговска организација и на ЦЕФТА. Сакаме потполно слободен проток на стоки и во една и во друга насока. Подготвени сме да ги отстраниме бариерите. Предуслов за сето ова е повлекување на овој правилник“, изјави српскиот министер за трговија Расим Љајиќ.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ