Неизвесно е дали ќе има Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци пред распуштање на Собранието

Пратениците од опозицијата стравуваат дека Македонија ќе биде „Колумбија на Балканот“ ако се изгласа Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. За пратениците од владеjачкото мнозинство пак – со нов Закон граѓаните ќе почувствуваат придобивки во медицината, а корист ќе види и буџетот на државата.

Нема поместување во ставовите на партиите и неизвесно е дали Законот ќе се најде пред пратениците пред распуштање на Собранието.

На Македонија не и се потребни картели. Не и се потребни сомнителни белосветски мафијаши од типот на Биг Мајк коишто Владата ќе ни ги носи како таканаречени инвеститори. Не го добивме Гугл, не го добивме Фејсбук. изјави Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Денес требаше да се одржи седница на Комисијата за здравство и да се дискутира токму овој Предлог-закон. Таа заврши уште пред да започне, ја одложија други пратенички обврски во Собранието, како и отсуството на министерот за здравство Филипче. Меѓупартиските препукувања сепак не изостанаа.

Сакаме само да се отвори дебатата за овој предлог на Закон во којшто се предвидува меѓудругото 20% од нето добивката да влегува во буџетот. Изјави Јагода Шахпаска од СДСМ.

Предлог-законот предвидува извоз на цвет од канабис за медицински цели и разграничување на термините „одгледување канабис за медицински цели“ и „одгледување на коноп за индустриски цели“. Ако пратениците го изгласаат, ќе се основа и Агенција за контрола на одгледувањето и производството на канабис и производи за медицински и научни цели.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ