Граѓани не можат да се ги подигнат личните карти од МВР смируваат, обрасците пристигнуваат од понеделник

Технички проблеми. Тоа е кусиот одговор што го добиле дел од граѓаните кои деновиве дошле да си ги подигнат личните карти во управните служби на МВР кај МТВ. Неофицијално им било кажано дека се потрошиле пластичните обрасци од кои се изработуваат личните карти. Стравуваат дека може да имаат проблеми со истечена лична карта. Екипата на Телма сретна и граѓани кои немале проблем со личните документи . Дел платиле за во итна постапка.

Од МВР признаваат дека  периодов издавањето на лични документи се добива со забавено темпо,  но најавуваат дека од понеделник пристигнува првата пратка на обрасци. Нема конкретен одговор зошто е содзаден овој проблем.

-Согласно спроведената постапка склучена е Рамковната спогодба на 05.12.2019 како и Договор нарачка на 11.12.2019  склучен помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Veridos GmBH Berlin – Германија за испорака на обрасци за  лични документи. Конкретно за испораката на лични карти прва испорака е во понеделник на 20.01.2020 а потоа следат континуирани испораки од сите обрасци на лични документи. Од овие причини во периодов издавањето на лични документи се одвива со забавено темпо но согласно Законот за лични карти и подзаконските прописи и по секое поднесено барање се постапува согласно законот, велат од МВР

Изгледот на личните документи за сега останува ист објаснуваат од МВР. Но е завршена постапката за набаката и за постојаните видови на обрасци  но и за новите видови на обрасци за лични документи за период од две години во кои би биле имплеметирани измените на Законот за јазици и Уставните измени.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ