Телма ексклузивно: Нацрт верзијата на законот за јавно обвинителство

Членот 64 од новото законско решение за Јавно обвинителство ќе ги заплетка преговорите. Според драфт верзијата до кој дојде Телма Советот на јавни обвинители е телото кое ќе треба да ја состави листата на пријавени кандидати и да даде позитивно мислење за оние кои ги исполнуваат условите. Владата потоа го предлага кандидатот за државен обвинител  и предлогот го доставува до Собранието. Токму ваквиот начин на избор но и на разрешување е спорен за опозициската ВМРО ДПМНЕ. Отаму велат дека со ова СДСМ сака после евентуалната смена на власт да го оневозможи или отежне  разрешувањето на државниот обвинител Љубомир Јовески. Стравуваат дека и доколку би се разрешил Јовески, новиот државен обвинител ќе бил избран од Советот на обвинители каде според информациите од Вмро Дпмне контролата ја имале социјалдемократите. Забечешки има и во преодните и завршни одредби кои се однесуваат на обвинителите и вработените од поранешното  СЈО.

СДСМ се воздржуваат од каков било коментар за содржината на законот со цел да му дадат шанса на дијалогот.

Преговорите на работните групи ќе стартуваат следната недела. Времето за договор е кратко со оглед на фактот што предвремените избори ќе се распишат на 12 февруари.Но сепак партиите се оптимисти дека доколку се даде приоритет на законот текстот  може да се усогласи. За негово усвојување потребна е подршка од 80 пратеници. Иако не е услов за почнување преговори со ЕУ, неговото усвојување ќе даде позитивен сигнал дека реформите се спроведуваат.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ