Вооружен грабеж во НЛБ Банка во Ѓорче Петров

Вооружен грабеж се случил утринава во експозитурата Ѓорче Петров на НЛБ Банка. Од банката соопштија дека сите клиенти кои се затекнале во експозитурата, како и вработените на Банката се безбедни и се во добра состојба.

Во овој момент, претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во експозитурата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план.

За утврдување на висината на шетата Банката соработува со надлежните органи за брзо и ефикасно решавање на случајот, а јавноста дополнително ќе биде известена.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ