Сопругот на починатата жена од верижниот судар пуштен на домашно лекување

Сопругот на починатата Кавадарчанка во сообраќајната несреќа која се случи вчера, заедно со 10-годишната внука, се пуштени на домашно лекување, јавуваат за Телма од Велешката болница. Двајцата беа полесно повредени со гребаници и набиеници, но по лекарската контрола и надзор утринава биле пуштени дома.

38- годишната Кавадарчанка која беше најтешко повредена вчера во верижниот судар, почина доцна попладнето на клиниката КАРИЛ во Скопје.

Тројца патувале во исто возило кое било трето во воверижниот судар на автопатот Скопје – Велес. Нивното возило удрило во камиончето кое застанало за да го избегне извртеното БМВ. Во верижниот судар на шест возила полесно беа повредени  4 луѓе.

Во велешката болница, утринава се хоспитализирани три нови лица по сообраќајка што  се случи пред велешкото село Иванковци. Автомобил се излизгал и удрил во комбе, кое пак претходно се удрило во друго комбе. Полесно се повредени три лица од автомобилот. Според првичните информации од терен, најверојатно причина и за оваа несреќа како и вчерашните две  била густата магла и лизгавиот пат.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ