
(видео) Осуден градоначалникот на Шуто Оризари, призна вина и заработи опомена
Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш денеска седна на обвинителна клупа за нападот на Демир Исмаил. Дудуш призна вина и рече дека жали за стореното. Но, и покрај признанието, нападнатиот Исмаил рече дека ќе бара оштета од градоначалникот на Шуто Оризари, најавувајќи дека парите ќе ги донира во хуманитарни цели. Откако ја призна вината, судијата му изрече казна “судска опомена” на градоначалникот на Шуто Оризари.
Демир Исмаил кој е претседател на Европската ромска дијаспора „Асва“, го обвини Дудуш, дека го нападнал за време на одржувањето на ромскиот бал.
Исмаил смета дека причина за нападот е тоа што неговата организација донира храна и облека за жителите на општината, но тоа не му се допаднало на Дудуш и се обидувал да го спречи.