150 km/h –скопската oбиколница како кружна трка за илјадници возачи

Во контролите кои ЈП за Државни патишта ги прави на патните правци во државата забележани се сериозни и загрижувачки појави на пребрзо возење. Директорот на ЈПДП Зоран Китанов вели дека сообраќајната контрола е на многу ниско ниво, додека брзината на автомобилите е на многу високо ниво.

-Правевме контроли, и поразителни податоци има. Например само во септември месец на обиколницата забележани се 13 илјади возила кои, внимавајте, возеле 150 километри на час., рече Китанов кој смета дека најголем дел од сообраќајните несреќи се случуваат токму поради неприлагодена и голема брзина.

Утрово во 8 часот, шест возила се удрија во верижен судир на патот Велес-Скопје. Една жена е посериозно повредена и во тешка состојба е префрлена на КАРИЛ во Скопје. Десетгодишно девојче и 37-годишен маж со повреди на телото се примени во велешката болница. Поради несреќата, меѓународниот патен правец од Веес кон Скопје и кон Србија беше во прекин до 13 часот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ