Поради магла повторно пренасочени летовите од охридскиот аеродром

Поради магла повторно откажани полетувањата и слетувањата на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.

Слетувањето на авионот од Виена утрово во 7:50 е откажано. Откажано е и полетувањето за Виена во 08:20 часот. Истиот е пренасочен кон аеродромот во Скопје.

Пренасочнување на летови од охридскиот аеродром имаше и завчера, кога беше пренасочен летот од Охрид за Дортмунд од истите причини.

Од „ТАВ аеродроми“ ги повикуваат патниците за сите информации да ги следат објавите на нивната официјална интернет-страница.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ