Пазарџиите денеска повторно протестираа

Пазарџиите повторно на протест , зелено пазарче и денеска под клуч. Четври ден секое утро блокираат дел од булеварот Кирил и Методија револтирани од новите цени на паркингот. Од таму отидоа пред општина Центар и побараа средба со градоначалникот Саша Богдановиќ.

Градоначаникот накусо им соопшти дека во понеделник ќе се сретне со тројца претсавници на пазарџиите.

Пазарџите не се сложуваат со ваквиот предлог и бараат на средбата да присуствуваат повеќе луѓе. Од ПОЦ пак денеска испратија видео до медиумите и обвинија дека пазарџиите протестираат за можат да продолжат со злоупотребите на паркингот.

ЈП Паркинзи на Општина Центар: Како што може да се забележи на видеото, пазарџиите на крајот на работното време пред напуштање на паркиралиштето користат железни колички за пазарење кои сензорот ги препознава како возила и системот за нив автоматски печати билет. Така наместо да платат за цел ден паркирање, плаќаат само за 1 час.

Пазарџиите протестираат поради високата цена на паркингот, 70 денари од час. Тие бараат да се врати старата цена – 40 денари од час.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ