
Фрчат кривични пријави меѓу партиите
По десет кривични пријави месечно поднесувале СДСМ против кадри од ВМРО ДПМНЕ, во овие две ипол години додека се на власт. Од нив, 129 стигнале до судовите, но тоа за Социјалдемократите не е доволно.
И од ВМРО ДПМНЕ ги тужеле Социјалдемократите, но ниту една нивна пријава не завршила на суд.
Од Обвинителството нема реакција на обвинувањата. Адвокатите, пак, велат дека стана мода да се поднесуваат кривични пријави, но токму поради тоа, не може да се очекува резултат.
Дополнителен проблем, според познавачите е и тоа што Обвинителството мора да соработува и со други институции за да собере докази, па процесот се забавува.Сугерираат, поднесувачите да поседуваат пријави со издржани докази, што ќе го олеснат и забрзаат целиот процес.
Далиборка Цветановска