Балканската рута за криумчарите и понатаму е отворена

Голема група мигранти фатена во струмичко. 26 жители на Сирија, Авганистан, Пакистан, Ирак и Камерун се пронајдени во комби што го возел 29 годишен жител на Арачиново. Возилото „Рено мастер“ е запрено од полицијата вчера во раните утрински часови на патот Куклиш – Свидовица.

Криумчарите ја менуваат рутата. Се почесто ги користат планинските патеки на Беласица, но и нефреквентните локални и регионални патишта како овој Свидовица – Куклиш, кој покрај подбеласичките села води до бугарската граница.

Возачот на комбито е задржан во полициската станица во Струмица, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Уште еден случај со криумчарење денеска стигна од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје. Две лица,  германски државјанин и италијанска државјанка се сомничат дека се обиделе да криумчарат тројца мигранти од Гана преку граничниот премин Богородица. Настанот се случил на петти јануари, кога двјцата осомничени со возило со германски регистерски таблички и лажни лични карти на Европската Унија се обиделе да ги внесат тројцата мигранти во земјава. Крајна дестинација им била Австрија.

Од МВР велат дека кримчарењето преку гржавната граница е најизразено преку илегалните премини на македонско – грчката граница.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ