
Трајковски дојде но судењето за ТНТ повторно се одложи
Четириесетина минути пред закажанотот рочиште за ТНТ Тони Трајковски влезе без полициска придружба во судот. Излезе со помош на адвокатот Јовица Страшевски. Додека адвокатот даваше изјава Трајковски го чекаше седнат на клупата пред судот.
Судијата првично оцени и дека медицинската документација што ја донел обвинетиот не изгледа страшно а ја спомена и докторката Викторија Вујовиќ, која е познат невропсихијатар. Одбраната пак објаснуваше дека Трајковски е на боледување и не оди ни на работа.
-Од самото претепување на Тони, значи има последици по здравјето. Има дијагноза од докторите што не би сакал да ја коментирам, не е благодарно, меѓутоа препорачуваат мирување, дека не може да учествува на судење петнаесет дена, рече Страшевски
Вчера ексградоначалникот на Гази Баба не дојде затоа што нема покана денеска дојде и без покана ама со оправдание од доктор. Страшевски негира дека се изнаогаат нови изговори за да се одлага рочиштето.
За да не се одлага повеке судењето, обвинителот Бурим Рустеми бараше да се раздвои постапката за Трајковски на што адвокатите се спортивставија а судиите го одбија предлогот. Се уште не дојде на ред и изјаснувањето на одбраната дали ќе прифатат исто како во случајот Монструм формално да ги поминат сите докази и сведоци кои претходно беа изведени, но веќе навестуваат дека за нив е подобро да се повикаат повторно сите сведоците.
Денеска Кривичен повторно одлучи да му суди во отсуство на експремиерот Груевски кој е во бегство. А при читањето на личните податоци ексминистерот Миле Јанакиевски побара да се промени информацијата за неговиот работен статус во невработен. Тој денеска правеше излези влези во судницата на третиот кат. Прво беше повикан за предметот Топлик кој не се одржа поради ТНТ. Но потоа и ТНТ се одложи.
Елена Ивановска Мукоска